Нови сознанија за вмешаност на врвот на СДС

На денешната прес-конференција, Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ ги обелодени сомневањата за можна вмешаност на поединци од СДСМ во случајот со нелегалното работење на дискотеката Пулс, потенцирајќи дека ова бара итна истрага и јасно расветлување на настаните.

„Дали Оливер Спасовски се јавувал во СВР Штип и барал да се р’же на полицијата во Кочани за спас на газдата на дискотеката Пулс? Што кријат ЈО и Коцевски?“ праша Андоновска.

Според информациите објавени во медиумите, телефонската конверзација помеѓу синот на газдата на Пулс, Михаил, и извесна Бојана укажува на директна ургенција од министерот за внатрешни работи.

„На 17 февруари 2022 година, Михаил се јавува до Бојана и ја известува дека Оливер Спасовски се јавувал во СВР Штип, за да ургира за дискотеката. И тоа со зборовите: ‘Оливер Спасовски се е јавувал у Штип у полицијата за нас’“, рече Андоновска.

Јавното обвинителство се повикува на одговор

Андоновска нагласи дека пораката на Михаил ја потврдува намерата на министерот да ја заштити дискотеката и нејзиниот газда.

„И он кажал тој началникот од Кочани утре одма на информативен разговор да дојде … кај началникот за Источна Македонија… ќе им с’ржат малку… да се посерат“, цитираше Андоновска.

Таа повика Јавното обвинителство и Љупчо Коцевски да постапат:

„Дали истражиле и дали го повикале Спасовски на информативен разговор? Дали е извршена проверка во полицијата во Штип и Кочани? Дали постоела негова ургенција?“

Андоновска додаде дека ваквите активности покажуваат дека поединци од СДСМ, преку свои структури, го штителе газдата на дискотеката.

„Каква е улогата на Оливер Спасовски во заштитата на газдата на дискотеката Пулс и работата на дискотеката?“, заклучи таа.