Шведската Влада денеска објави дека ќе усвои закон со кој ќе го принуди операторот на јавната мрежа за пренос на електрична енергија во земјата да помогне во ублажувањето на очекуваните високи сметки за електрична енергија оваа зима за шведските домаќинства и бизниси.

Премиерката Магдалена Андерсон, чија малцинска социјалдемократска Влада се соочува со парламентарни избори следниот месец, изјави дека предлогот ќе чини најмалку 30 милијарди круни (2,9 милијарди долари).

Таа додаде дека јавното претпријатие, задолжено за обезбедување на шведскиот електропреносен систем, ќе добие средства од 60 милијарди круни (5,8 милијарди долари).

Андерсон наведе дека мерката е неопходна со оглед на високите трошоци за енергија поради руската инвазија врз Украина.