Регионалниот претседател Нело Мусумечи во објава на Фејсбук објасни дека невообичаено високите температури и абнормалните временски услови ќе продолжат да претставуваат ризик во наредните недели.
Во меѓувреме, на Сардинија, противпожарната бригада во провинцијата Ористано соопшти дека утрово избил пожар во туристичките населби, при што пожарникарите спречиле пламенот да се прошири на блиската вегетација. Нема информации за жртви.
Ористано, на западниот брег на медитеранскиот остров, неодамна се соочи со големи шумски пожари, во кои е предизвикана голема штета.
Невообичаено високите температури од над 40 Целзиусови степени предизвикуваат суша во целиот јужен дел на Италија, што ги засилува пожарите. Се смета дека многу од нив се намерно подметнати.