Со головите на Кристијан Пулишиќ и Омари Хачисон, тимот на Милан вечерва триумфираше на гостувањето кај Удинезе со конечни 0:2. Натпреварот понуди сигурна игра на гостинскиот состав кој уште од самиот почеток ја презеде контролата врз случувањата на теренот.

Американецот Пулишиќ погоди уште на самиот старт на мечот во шестата минута, со што најави гостински триумф на овој дуел и донесе рана предност за својот тим.

Хачисон пак реализираше во вистинско време, во 65. минута од дуелот за мирен финиш во кој што домаќинот ниту имаше сила, а уште помалку капацитет за да стори нешто повеќе и да се спаси од пораз пред своите навивачи.

Со оваа победа Милан стигна до 18 бодови и се наоѓа на четвртата позиција на табелата, додека Удинезе останува на само четири освоени бодови и го чека сериозна битка за опстанок сезонава.