Претседателката Гордана Сиљановска Давкова и премиерот Христијан Мицкоси синоќа во црквата Св. Богородица Перивлепта во Охрид го дочекаа Христовото воскресение – Велигден.
Сиљановска Давкова на својот Фејсбук објави дека Христовото воскресение го дочекала во возвишената атмосфера на црквата Св. Богородица Перивлепта, под светлината на свеќите и со молитви во срцата, со смирение и духовна радост.
-Како стожер на верата, Христовото воскресение, кај секој христијанин веќе два милениума е симбол на животот и ги крепи нашата верба и надеж, инспирирајќи нè да ја негуваме духовностa и да даруваме љубов секому и секаде. Фактот што токму годинава сите христијани го прославуваат Велигден на ист датум нека биде поттик за сплотеност како кај нас, така и во целиот свет. Верувам дека вдахновени од големиот празник ќе најдеме енергија и сила да се соочиме со сите предизвици и искушенија, покажувајќи солидарност и заедништво. Христос воскресна! Навистина воскресна!, порача претседателката Сиљановска Давкова.
И премиерот Мицкоски на својот Фејсбук упати честитка по повод Велигден, посакувајќи светлината од Воскресението на Христос донесе мир, љубов и надеж кај сите.
-Нека светлината од Воскресението на Христос донесе мир, љубов и надеж кај сите! Да ја славиме оваа победа на животот над смртта со вера, радост и благодарност. Христос воскресна! Навистина воскресна!, напиша Мицкоски.
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски објави дека за Велигденските празници ја посети црквата Св. Богородица Перивлепта во Охрид.
Министер за внатрешни работи Панче Тошковски nа својот Фејсбук упати честитка по повод Велигден:
-Од срце ви посакувам празникот на Христовото Воскреснување да го дочекате во добро здравје, исполнети со мир, хармонија, радост и со среќа. Токму во овие празнични денови, инспирирани од Христовата победа над смртта, да ги обновиме и верата и надежта и вдахновени да правиме добри дела и да даруваме безусловна љубов, објави Тошковски.
Тој додаде: Се надевам дека светлината на Велигден ќе ни биде поттик и инспирација да ги задржиме во себе хуманоста и добрината во борбата за егзистенција како луѓе и како нација. Да подадеме рака на сите кои што се во неволја и на кои што им е потребна помош, след