Земјотресот е на длабочина од 10 километри.

Засега не се пријавени штети или повредени. Властите не издадоа предупредување за цунами.

Архипелагот се наоѓа во сеизмички активна зона во Тихиот Океан, позната како Огнен прстен, и редовно е на удар на силни земјотреси и вулкански ерупции предизвикани од поместување на литосферните плочи.