Франција смета на решавање на граничната состојба за да се врати стабилноста и безбедноста во регионот преку Советот за безбедност на ОН.

-Претседателот на Републиката потсети на посветеноста на Франција кон територијалниот интегритет на Ерменија и ја истакна потребата за итно повлекување на азербејџанските трупи од Ерменија”, соопшти Елисејската палата.

Претходно, ерменското Министерство за одбрана објави дека во средата, дека азербејџанските вооружени сили се обиделе да извршат одредена работа „за разјаснување на границите” во една од пограничните области во регионот Сијуник на Ерменија. Во исто време, министерството не прецизираше која специфична работа ја завршила азербејџанската војска.

За состојбата на границата во средата дискутираа министрите за надворешни работи на Ерменија и Русија, Ара Аивазијан и Сергеј Лавров. Ерменското Министерство за одбрана вчера соопшти дека азербејџанските вооружени сили се обиделе да ги придвижат своите позиции напред во областите на градовите Варденис и Сисијан во јужниот дел од Ерменија.