Земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди западниот дел на Турција.

Земјотресот се случил на 37 километри северозападно од градот Бурса и на 12 километри од Мудања, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки институт.

Земјотресот бил почувствуван и во Истанбул, јавуваат локалните медиуми.