Американските бродови во Црвеното или Арапското Море беа нападнати трета недела по ред. Јеменските бунтовници Хути ја презедоа одговорноста откако нападот првпат беше објавен од Ројтерс, арапските медиуми и група за поморска безбедност со седиште во Велика Британија.

Првичните информации се дека станува збор за напад на американски воен брод. Пентагон подоцна за арапските и израелските медиуми изјави дека имало напади на неколку бродови и дека дури и била забележана истрелана балистичка ракета кон еден од нив. Според Хутите, има два брода. За Ал Арабија, Пентагон вели и дека американскиот разурнувач „USS Carney“ уништил најмалку еден дрон на Хутите.

„Свесни сме за извештаите за напади врз „USS Carney“ и комерцијални бродови во Црвеното Море и ќе обезбедиме информации кога ќе станат достапни“, велат од Пентагон.

Оваа вест внимателно беше следена во нашето соседство. Имено, по двата напади врз товарни бродови поврзани со Израел на бродот минатата и неделата претходно имало бугарски државјани. Засега, се уште не е познато дали денес одново има Бугари.

За овој напад се огласија и Хутите.

„По директивите на лидерот на Хутите и повиците на арапската исламска заедница да работи на исполнување на барањата на палестинскиот народ, беше извршена операција против два израелски брода – Unity Explorer и Number Nine. Првиот беше нападнат со проектил, вториот со дрон“, рекоа Хутите.

Според поморскиот извор на Ал Арабија, користени се најмалку два дрона.