Епицентарот во близина на Малатија
Подрачјето на источна Турција денеска беше погодено од земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Епицентарот е регистриран на околу 21 километар од градот Малатија, на длабочина од 10 километри под површината.
Засега нема пријави за повредени лица или поголема материјална штета. Очевидци пријавиле дека потресот бил силен, со нишање на мебел и лустери во домовите.
Земјотресот бил почувствуван и во Сирија и на Кипар.
