Вечерва присуствував на 17-тото издание на манифестацијата „ТОП 100“, во организација на Стопанската комора на Северозападна Македонија, настан посветен на препознавањето на успешните компании, претприемачкиот дух и придонесот на бизнис-заедницата во развојот на македонската економија, објави на својата Фејсбук страница премиерот Христијан Мицкоски.

Успехот на секоја компанија, секоја инвестиција и секое новоотворено работно место е успех за целата држава, пишува премиерот.

-Економијата не познава етнички или верски граници. Нашата цел е да изградиме економија во која трудот се исплатува, инвестициите се поттикнуваат, младите имаат перспектива, а домашните компании се конкурентни на европските и светските пазари. Во Владата, бизнис-заедницата има партнер и поддршка за нови инвестиции, производство и развој, пишува Мицкоски меѓудругото во својата објава.

Мицкоски упати честитка до компаниите и стопанствениците кои што придонесуваат за економскиот развој на Република Македонија.

-Честитки до сите компании кои вечерва беа препознаени за своите резултати, но и до сите претприемачи и стопанственици кои секојдневно создаваат нови вредности и придонесуваат за економскиот развој на Македонија, напиша премиерот.

Затоа што силна економија значи силна Македонија, порача македонскиот премиер Христијан Мицкоски.