Силна експлозија се случила во градот Мелитопол во областа Запорожје, соопшти денеска градската управа.
„Во Мелитопол се случи силна експлозија. Деталите се утврдуваат“, објави градската управа на Телеграм, а јави агенцијата ТАСС.
Претставникот на проруската администрација на регионот Запорожје, Владимир Рогов, вчера изјави дека единиците на вооружените сили на Украина го нападнале селото Светлодолински северно од Мелитопол и дека тогаш се слушнале најмалку седум експлозии.