Ветерот од над 60 километри на час им пречеше на учесниците и на присутните на чествувањето на празникот Богојавление Водици, но го расчисти загадениот воздух од македонските градови.

Главниот град Скопје, кое неколку дена беше меѓу петте најзагадени градови во светот, денеска имаше почист воздух. .

Сепак граѓаните велат дека надлежните не треба само да чекаат помош од климата, туку треба да преземат и конкретни мерки. Од институциите се бара да ги заштитат граѓаните и да откријат кои се главните извори на загадување.