– На редовниот утрински состанок со директорите на ковид центрите во Скопје ја разгледавме состојбата со пополнетоста на болничките капациети. Иако во изминатите денови има благ тренд на намалување на бројот на приеми, сепак ситауцијата и понатаму е сериозна и притисокот врз ковид центрите е голем. Во моментов имаме доволно слободни места за да се згрижат сите пациенти кои имаат потреба од болничко лекување. Очекуваме во нареднот период бројот на хоспитализации да почне да се намалува. Мерките даваат резултати, но потребно е максимално да се придржуваме до нив за да го надминеме и овој епидемиолошки бран, напиша Филипче на „Фејсбук“.

На редовниот утрински состанок со директорите на ковид центрите во Скопје ја разгледавме состојбата со пополнетоста на…

Posted by Венко Филипче on Friday, April 16, 2021