На прашањето дали некој од авганистанските државјани е позитивен на Ковид-19, од Владата за МИА изјавија дека сите се негативни на направените тестирања.

– Сите граѓани кои синоќа пристигнаа од Авганистан на привремен престој се негативни на ПЦР Ковид -19 етстовите, велат од Владата.

Со авион на компанијата „Камаир“ вчера преку Тбилиси, Грузија на Меѓународниот аеродром Скопје пристигнаа првите 149 граѓани од Авганистан.