На денешната седница на совет на општина Карбинци обелоденивме скандал за работењето на претходната власт на кој никој од СДСМ нема одговор, открива градоначалникот на Карбинци, Виктор Паунов.

-Во период на избори од општина Карбинци неконтролирано се трошело гориво за службените возила на општината. Имено, ќе дадам само еден пример: 632,5 литри нафта за време на викенд во неработни денови каде е фактурирано на возилото „Багер“ кое има максимален капацитет од 140л. а потпишано од директорот и поранешниот градоначалник. Многу нелогичности се во прашање. Дали овде има очигледна злоупотреба? Како може едно возило за помалку од 24ч. да потроши речиси 1 тон нафта? Како се трошело народни пари и за какви цели пресудете сами, а одговорноста наскоро и ќе ја има, порача тој.