Вчера во 10.12 часот во СВР Скопје било пријавено дека на пазарот во скопската населба Чаир има починато лице.
Полициски службеници излегле на местото и било утврдено дека станува збор за Љ.К.(63) од Скопје.
Екипа од Итна медицинска помош констатирала смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.