Приведениот е осомничен дека во понеделникот на булеварот „Борис Трајковски“ одзел патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Т.Н. од Скопје, со кое подоцна во скопско Ново Село удрил во возило „ситроен берлинго“, сопственост на К.М. од Скопје и го напуштил местото, соопштија од МВР.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 242 од Кривичниот законик.