Триесет и четиригодишниот Ј.О. од Скопје денеска заврши зад решетки откако со својот мотоцикл удри десетгодишно девојче.

Овој инцидент се случил денес околу 11:30 часот, на скопската улица „Џон Кенеди“.

Осомничениот, управувајќи мотоцикл марка „Пиаџо“, со скопски таблички, удрил во девојчето кое минувало на улицата.

Малолетничката веднаш била пренесена со возило на Итната помош во Ургентниот центар во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Лекарите констатирале дека детето добило тешки телесни повреди и останува на лекување.

За случајот е известен јавен обвинител, кој нареди детална истрага за инцидентот

Против Ј.О., по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Извор: Kurir