„Скопјани плаќаат поскапа вода за Шилегов и Весковски да можат да си местат на тендери. Шилегов и Весковски се фатени во местење на тендер од 300.000 евра, ЈО да реагира и да отвори случај по веќе поднесената кривична пријава од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Шилегов и Весковски првин извршиле реконструкција на водоводна мрежа на ул. Варшавска, па дури 2 месеци по завршување на градежниот зафат распишале тендер за да ја исплатат фирмата изведувач. Што е ова ако не криминал и местење тендер?“, обвинува ВМРО-ДПМНЕ
„ВМРО-ДПМНЕ ги поднесе сите документи со кривичната пријава до ЈО и очекуваме истите да постапат побргу, особено земајќи го предвид дека и Шилегов и Весковски се се уште носители на функција и може да дојде до прикривање или обиди за заташкување. Ова криминално работење на СДСМ го плаќаат граѓаните, во овој случај скопјани кои плаќаат поскапа вода. Овој случај и сите други случаи на сомнително работење ќе бидат испитани по промената на власта и ќе следи одговорност“, додаваат оттаму.