ТАВ апелира патниците да доаѓаат порано

ТАВ Македонија соопшти дека од денеска започнале градежни активности на пунктот за безбедносна проверка во терминалната зграда на Меѓународен аеродром Скопје.

Поради работите, од аеродромот предупредуваат дека може да има привремени ограничувања и побавен проток на патници при безбедносните контроли.

„Затоа, апелираме до сите патници да пристигнат на аеродромот на време, односно најмалку 2 часа пред закажаното време на полетување. Ви благодариме за вашето трпение и разбирање“, се наведува во соопштението.