Лидерот на Хонгконг, Кери Лем, рече дека веќе испратила повеќе од сто писма до компаниите, во кои ги повикува да ги следат мерките на локалната самоуправа.
-Од сега па до крајот на август е клучното време за превенција од пандемија , нагласи Лем.
Шефот на здравствениот сектор во Хонгконг, Софија Чан, се приклучи на повиците за вакцинација и предупреди дека дополнителен бран на коронавирус во Хонгконг може да доведе до нови ограничувачки мерки за оние кои не биле вакцинирани.
Досега во Хонгконг се вакцинирани 2,3 милиони луѓе, што е помалку од очекуваното, па властите претходно предупредија дека датумот на истекување на вишокот на неискористени вакцини, набавен однапред за сите 7,5 милиони жители, може да истече во август.