Словачка во петокот стана вториот сојузник на Украина кој обезбеди борбени авиони МИГ-29, за кои Киев верува дека се клучни за одбивање на едногодишната инвазија на Русија.

Словачка ѝ се придружи на Полска, која во четвртокот ја објави својата испорака на авионите.

Нејзината флота од 11 авиони МиГ-29 беше пензионирана минатото лето и повеќето од нив не се во оперативна состојба. Ќе ги испрати оние што се во функција, а останатите ќе одат по резервни делови.

Владата денеска одлучи и едногласно одобри меѓународен договор (за донацијата)“, рече примиерот на Словачка, Едуард Хегер.

„Процесот на предавање на овие борбени авиони е тесно координиран со полската страна, со Украина и, се разбира, со другите сојузници“, рече тој.

Словачка ќе добие финансиски надомест од Европската унија. Таа, исто така, постигна договор со САД за испорака на воен материјал во вредност од околу 700 милиони долари, рече Хегер.

Во четвртокот, Полска објави дека ќе и испрати на Украина четири борбени авиони МиГ-29 во наредните денови, со што ќе биде првиот од сојузниците на Киев што ќе обезбеди такви авиони.

Западните земји кои и дадоа оружје на Украина досега одбиваа да испратат борбени авиони.

Словачка нарача борбени авиони Ф-16 од Соединетите држави во 2018 година за да ги заменат застарените авиони МиГ-29. Првите авиони од американско производство се очекува да пристигнат во 2024 година по доцнење.

Владата на Хегер владее во преодна функција до предвремените избори закажани за септември, што ја натера опозицијата, па дури и некои членови на владејачката коалиција да се запрашаат дали на владата и е дозволено да одлучува за нешто како што се МиГ-овите.