Словачката влада побара од министерот за здравство, Владимир Ленгварски, вакцината да биде достапна до 7 јуни, пренесува АП.
Првиот контингент вакцини „Спутник в“ пристигна во Словачка на 1 март, но нивната употреба досега не беше одобрена.
Договорот за набавка на два милиони дози „Спутник в“, склучен од тогашниот премиер Игор Матовиќ, предизвика политичка криза во март, што резултираше со пад на владата.