Во Словенија во последните 24 часа се потврдени 11680 нови случаи на инфекција со коронавирус, соопшти Националниот институт за јавно здравје.

Од последници предизвикани од коронавирусот починале 25 пациенти, што е најголем број на починати во последните неколку месеци.

„Бројот на инфекции кај постарата популација е во пораст, така што очекуваме зголемување на хоспитализациите со заостаната фаза“, рече на прес-конференција епидемиологот Нушка Чакш Јагер од Словенечкиот институт за јавно здравје (НИЈЗ).

Во болниците низ Словенија се лекуваат 514 ковид пациенти, од нив 154 се на интензивна нега.

Во моментот во земјата активни се 66777 случаи на вирусот.