Во Словенија во последните 24 часа се потврдени 6012 нови случаи на инфекција со коронавирус, тестирани се 10299 граѓани, соопшти Националниот институт за јавно здравје.
Последниот дневен процент на позитивни тетсови изнесува 58,4 %.
Од последници предизвикани од коронавирусот починале пет пациенти.
Во болниците низ Словенија се лекуваат 514 ковид пациенти, од нив 154 се на интензивна нега.
Во моментот во земјата активни се 66777 случаи на вирусот.
Од почетокот на пандемијата па се до денес во Словенија од последици предизвикани од Ковид починале 5696 граѓани.