Деновиве главна тема се преписките меѓу Никола Груевски и актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. За пошироката јавност овие преписки се изненадување, па со резерва ги прифаќаат, додека за оние кои ја следат оваа проблематика ова не е ништо ново.
Нашите извори велат дека во тајна комуникација со власта Никола Груевски за личен бенефит и кривична неказнивост помага за обезбедување двотретинско мнозинство за уставни измени и влез на Бугарите во Уставот. Претходно, низ јавноста имаше шпекулации за средба на Никола Груевски со Артан Груби, а триаголникот СДСМ-ДУИ-Груевски и шпекулираат дека Груевски се сретнал и директно со Ахмети.
Груевски наместо да се осврне на проблеми кон актуелната власт, националните предавства и потфрлувањето на сите полиња реши јавно да пишува единствено против Мицкоски, а тоа само ги потврдува сомнежите за негова вклученост во планот за дестабилизицаија и разнебитување на Македонија. Која е целта? Личен интерес и бегање од кривична одоговорност. Како што би рекол нашиот народ: „Сложни браќа куќа градат“ или да парафразираме во случајов „Сложни браќа кривична неказнивост градат“.
Веќе голем дел од актуелните функционери и градоначалници го поддржаа Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ е консолидирано и целосно обединето. Сите 44 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ се сложни и категорични во нивните намери: Уставни измени под бугарски диктат нема да има.
Единствената партија во која моментално има раскол е СДСМ, а за тоа говори и фактот дека двајца пратеници од владејачкото мнозинство не гласаа за уставните измени. Говорат фактите, а не чаршиските муабети. Освен тоа сите сме сведоци на поделбите во ДУИ кои резултираа со фракција, а отпосле и посебна партија како „Демократско движење“.
Заклучокот е јасен ВМРО-ДПМНЕ е компактно, а СДСМ и ДУИ имаат внатрепартиски раскол. Казната на избори за нив наскоро следува и ги очекува тежок пораз од епски размери. А планот на „Сложните браќа кои кривична неказнивост градат“ сепак ќе пропадне во вода. Сите знаеме веќе дека „Вистината е како шило“.