Затворски и условни казни за оние кои признаа вина

4 години и 11 месеци вкупна затворска казна изрече Кривичниот суд за тројца обвинети во случајот „Синџир“ кои на минатото рочиште признаа вина. Една обвинета е казнета условно, и нема да помине две години зад решетки, ако во наредните пет, не стори ново кривично дело. 4 фирми опфатени во случајот треба да платат два и пол милиони денари.

Затворски казни и парични казни во случајот Синџир: 5 обвинети се изјаснија за виновни по обвиненијата за лосторничко здружување, перење пари и даночно затајување во вкупна вредност од околу 8 милиони евра

До правосилност на пресудата, двајца од обвинетите остануваат во затворски притвор, а една е во домашен.

Издавале лажни фактури да не платат данок

Обвинителството своевремено отвори истрага против 26-мина сопственици и директори на фирми кои од 2019-та до крајот на 2021 година издавале лажни фактури за да избегнат плаќање данок со што го оштетиле буџетот за 8 милиони евра.

Извор: МРТ