На претходното рочиште судијата Осман Шабани не го прифати мислњето на Антикорупциската комисија која смета дека има судир на интереси Тунџев да биде вештак бидејќи истовремено е и директор на Агенцијата за катастар.

Исто така, денеска Судскиот совет му одговори на барањето на претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев во кое тој бараше мислење од Советот за тоа дали му е истечен мандатот на поротникот Митко Сандев поради тоа што наполнил 60 години.

Советот во одговорот вели дека не е надлежен да дава мислење за законските одредби од Законот за судови.

Воедно Советот го потсетува Џолев дека тие избираат и разрешуваат судии и поротници на предлог на надлежниот суд. Во случајов Џолев треба да изготви решение за разрешување на поротникот Сандев. Со тоа случајот „Топлик“ мора да се врати од почеток.