107 држави гласаа „за“, меѓу нив и Македонија

Генералното собрание на Обединетите нации денеска изгласа резолуција со која се повикува на сеопфатен, праведен и траен мир во Украина.

Документот беше предложен од Украина, а зад него застанаа повеќе од 45 држави како коспонзори. Резолуцијата доби поддршка од 107 земји, меѓу кои и Македонија. Против гласаа 12 држави, вклучително и Русија, додека 51 земја беа воздржани, меѓу нив и САД.

Зеленски се заблагодари за поддршката

По гласањето, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, преку платформата Икс упати благодарност до земјите што ја поддржаа резолуцијата.

„Генералното собрание ја усвои нашата резолуција во поддршка на траен мир со јасни повици за целосен прекин на огнот и враќање на нашите луѓе. Ова се соодветни и неопходни чекори и ние ќе продолжиме активно да работиме за постигнување мир со нашите партнери“, наведе Зеленски.