Познати се нови детали во однос на пукањето во Чаир за кое утрово објавивме дека има еден загинат и двајца ранети.
Крвава престрелка во Чаир: Еден е убиен, двајца се ранети, а уапсени се четири лица
Според информации на радио Лидер ранети се Бесник Буњаку, Аритон Дарлишта, а убиениот е Хебиб Буњаку. Убиениот Хебиб и ранетиот Бесник се синови на Екрем Буњаку од ДУИ. Екрем во минатото беше директор на Државната техничка инспекција.
Пријателите на Хебиб се простуваат од него на социјалните мрежи.
МВР потврди дека 35-годишниот Х.Б. од Скопје им подлегнал на повредите здобиени при престрелка што се случила ноќеска во скопската општина Чаир. Оттаму пристигна и известување дека четири лица уапсени под сомнение за учество во престрелката.
Истражните органи работат на целосно утврдување на околностите под кои избувнала престрелката.