Со автомобил „југо“ тешко повредил пешак, па побегнал, ова е официјалната информација за сообраќајката која вчера се случи кај кавадаречката болница, која попладнево ја даде Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

– Вчера попладне во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на улицата „Шишка“, патничко возило „југо“, со демиркаписки регистарски ознаки, удрило во малолетен пешак од Кавадарци, по што го напуштило местото. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Кавадарци. По преземени мерки од полициски службеници, е утврдено дека возилото го управувал А.К.(27) од Струмица, со престој во Кавадарци, појасни Додевски.

Увид на местото извршила увидна екипа од Полициска станица Кавадарци, а во координација со јавен обвинител, се преземаат мерки за расчистување на случајот.