Ветувањата од власта дека до крајот на месец јуни ќе ни бидат исплатени субвенциите по грло и за откупеното млеко, не се исполнети. Македонското сточарство, а посебно млекопроизводството, се пред колапс и ние повеќе не можеме да издржиме, велат битолските сточари кои денеска излегоа на уште еден предупредувачки протест, јавува алга телевизија.
Доколку до петок не добијат цврсти ветувања за исплата на парите, најавуваат дека фармерите од сите региони ќе настапат радикално со блокади на сообраќајниците во државата.
-Најавија дека со ребалансот ќе биде исплатено, а господинот Бачовски најави за август. Ние издржавме со крајниот рок иако цело време баравме на рати, а тие не платија. Сега ако можат за десет дена плата, да им е алал ама од тоа не веруваме ништо. За да издржиме не можеме, оти сега сме во борч и само благодарение на земјоделските аптеки и сточарските центри, ако не се тие, не можеме да излеземе на крај, рече Тони Петковски, потпретседател на Здружението на сточари “Пелагониско поле“
Вчера, при одбележувањето на Денот на задругарството во Асамати, ресорниот министер за земјоделие рече дека со ребалансот на буџетот,на земјоделците веднаш ќе им бидат исплатени субвенциите, наспроти директорот на Платежната агенција кој велеше дека исплатите ќе се реализираат во месец август.
Целиот текст можете да го прочитате тука.