Машката кадетска ракометна репрезентација на Македонија до 18 години оствари собир во салата „Расадник“ во Кисела Вода по повод претстојната ЕХФ недела. Младите ракометари ги започнуваат планираните тренажни активности за одржување на формата.

Во рамките на подготовките предводени од селекторот Горан Кузманоски, оваа селекција ќе одигра два контролни пријателски натпревари против младинската репрезентација на Македонија до 20 години.

Натпреварите меѓу двете национални селекции се закажани за 4 и 6 ноември, а сите средби ќе се одиграат на паркетот во спортската сала „Расадник“ во Скопје.