Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (на места над 90км/ч.) и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната од 30 до 37 степени. УВ=8

Во Скопје претпладне сончево со умерена облачност, попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде 20, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса до вторник ќе се задржи променливо облачно, наместа со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град. Температурата ќе биде во постепено опаѓање.