Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 5, а максималната ќе достигне од 15 до 22 степена.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 20 степени.

За време на викендот, како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и релативно топло. Во попладневните часови ќе има краткотраен локален дожд со ретки грмежи.

Во сабота ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец.

Во понеделник под влијание на нов влажен и постуден бран ќе има врнежи од дожд, на места пообилни, засилен ветер и пад на температурата. На планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег.