Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8 степени, а максималната ќе достигне 19 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец.
Денес и утре ќе се задржи стабилно време, сончево со мала до умерена облачност. Во среда во попладневните часови се очекуваат нови врнежи од дожд.