Дваесет и едногодишен возач се здобил со тешки телесни повреди откако со патничко моторно возило излетал од коловозот и се превртел. Сообраќајната несреќа се случила во текот на ноќните часови на подрачјето на Виница.
На 26 ноември 2026 година околу 03:00 часот во ОВР Виница било пријавено дека на регионален пат во селото Лески, виничко, патничко возило „ауди“ со винички регистарски ознаки, управувано од 21-годишниот М.А. од село Виничка Кршла, излетало од патот и се превртело.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Јавната здравствена установа во Виница.
Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Виница, при што било констатирано дека М.А. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,01 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настанот од страна на надлежните органи, против возачот ќе следува соодветен поднесок.
