-На 21.03.2021 во 21,15 часот на бул.„Словенија“ било пријавено дека се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Н.(23) од Скопје и патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.З.(38) од Скопје, информираат од полиција.

Според пријавеното по незгодата учесниците се пренесени во Градската општа болница„8-ми Септември“ и Комплекс клиники„Мајка Тереза“ каде на возачот И.З. и возачот Б.Н. како и на неговите сопатници Е.Р.(21) од Скопје и Е.Е.(20) им биле констатирани повреди, додека на сопатникот М.М.(22) му биле констатирани тешки телесни повреди.