Несреќата се случила при директен судир меѓу две возила со велешки и битолски регистерски таблички.

При несреќата има повредено и други лица, кои се хоспитализирани во Клиничка болница-Штип. При вадењето на повредените и двете жртви во несреќата интервенирале и штипските пожарникари.

Надлежните од СВР-Штип најавија подетални информации за текот на денот.

Според првичните информации од очевидци во несреќата загинале двајца велешани. Увид на местото на незгодата извршија полициски службеници и јавен обвинител од Штип.