Грудина, соработничка на рускиот опозиционер, кој исто така штрајкуваше со глад, изјави дека била принудена на карантин против нејзина волја. Нејзината вчерашна најава за штрајк со глад е мотивирана од фактот дека здравствената установа во која беше сместена, не ја доставила документацијата која таа ја подготви за својата кандидатура на претстојните избори за градскиот совет.

– Јас сум совршено здрава. Витална сум како девојче, но тие ме затворија со луѓе кои се очевидно болни. Навистина е грозно. Единствената цел на овој карантин е да ме задржат в болница до 4 август, кога истекува рокот за регистрација, тврди Грудина.

Таа вели дека лекарите одбиваат да разговараат со неа, и не им ги предаваат клучните документи на изборните органи. Во болницата не добила медицински третман, ниту, пак, и се направени тестови. Грудина, исто така, тврди дека пратки кои биле наменети за неа биле некаде изгубени.

– Главниот лекар всушност ги достави документите до локалната изборна комисија, но неговите!, нагласи соработничката на Навални.
Откако на 9 април одлучила да учествува на локалните избори, се соочила со препреки од сите страни. Нејзината изборна канцеларија најпрво била ограбена, а потоа нападната со огнено оружје од непознато лице, нејзиниот дом бил мета на пожар, а нејзините асистенти биле уапсени од полицијата.

Во врска со одлуката да се обиде да се кандидира на најконтролираните руски избори по падот на СССР, Грудина нагласи дека чувствува „должност“ да учествува. Дури и откако организацијата на Навални беше забранета како екстремистичка, Грудина немаше намера да се повлече.

– Јас сум првиот кандидат кој подготви документација за изборите во ковид-болница. Не знам како ќе се одвиваат работите и како ќе завршат, но ова е веќе најапсурдната кампања во политичката историја, заклучи Грудина.