Членот на претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ, премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ, претседателот на Парламентот на ентитетот, Ненад Стевандиќ, и министерот за правда на Репулика Српска С, Милош Букејловиќ, се на Црната листа на САД, како што објавува Канцеларијата за контрола на странските средства (ОФАК), американско Министерство за финансии, а пренесува Index.hr

„Овие лидери се директно одговорни за поттикнување на донесување закон во Народното собрание на Република Српска, со кој одлуките на Уставниот суд на Босна и Херцеговина би се прогласиле за неприменливи во Српска, а со тоа се попречува и се заканува спроведувањето на Дејтонскиот мировен договор, се нагласува во објаснувањето на американското Министерство за финансии.

Милорад Додик е на Црната листа на САД од 2017 година, а четворицата негови соработници сега се на листата на санкции за несомнено спроведување на неговата сецесионистичка политика и загрозување на спроведувањето на Дејтонскиот договор.

Четворицата се се директно одговорни за поттикнување на усвојување на закон во Собранието на Република Српска, со кој одлуките на Уставниот суд на Босна и Херцеговина би се прогласиле за неприменливи во Република Српска, а со тоа се попречува и се заканува спроведувањето на Дејтонскиот мировен договор, според соопштението на ОФАК при американското Министерство за финансии.

Брајан Нелсон, потсекретар во Министерството за финансии кој е задолжен за тероризам и финансиско разузнавање, рече дека Цвијановиќ, Вишковиќ, Стевандиќ и Букејловиќ претставуваат закана за стабилноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина како и закана за тешко постигнаат мир со Дејтонскиот договор.

„Ќе продолжиме да го поддржуваме народот на Босна и Херцеговина во нивните напори за одржување на владеењето на правото и обезбедување мир и просперитет“, изјави потсекретарот во Министерството за финансии задолжен за тероризам и финансиско разузнавање Брајан Нелсон.

Жељка Цвијановиќ, заедно со Додиќ, од ланската година се под санкции и на Велика Британија така што на двајцата им е забрането да патуваат во таа земја.