Повисоки плати во образование ќе го вратат дигнитетот на наставникот. Од Иницијативата ,,Учебници и настава мора да има“ го поддржуваат штрајкот на просветарите, но сметаат дека со седење и чекање на повик од Министерот не се решава проблемот.

Радикализирање на штрајкот ќе доведе до исполнување на барањата на наставниците и најважно до враќање на децата во училишните клупи, вели координаторот на иницијативата Драгана Спасевска.

За две години децата изгубија многу во своето образование, а со тоа добија и порака на несериозен пристап кон училиштето и училишните обврски.
Спасевска смета дека не само за плата, наставниците истовремено треба да бараат и реформи во образованиот систем, кој за жал последниве години донесе “изгубени“ генерации.

Лидер: Втора недела како СОНК е во штрајк. Во фокусот се наставниците и покачувањето на платите, децата некако се ставени во втро план, а реално тие најмногу губат. Ваш став по однос на штрајкот на СОНК, дали го оправдувате или не и што е со учениците?

-Ние искажавме јасен став дека ги поддржуваме наставниците. Затоа што мислам дека со сите нови реформи кои што се донесоа во образованието, некако се намали нивото на образованиот систем во однос и на програмата а и самите наставници беа притиснати да прифатат нешто ново за кое и многумина од нив не се согласија за новата концепција.
Точно е дека овие две години посебно во време на корнона, изолација…итн децата многу, многу пропуштија во однос на образовниот процес.
Штрајкот на СОНК и сите наставници е нивно право. Достоинството на наставникот како професија треба да се врати, треба да се врати и неговата креативност и трудота на наставникот треба да се вреднува многу повеќе, меѓутоа ние мора да превземеме заеднички чекори да го вратиме образовниот процес во нормала.
Се што треба е тие да одлучат и да делуваат во однос на нивните права и работни вредности и мислам дека треба да превземат порадикални чекори, доколку сакаат вистински да го исполнат она кое им е договорено според колективниот договор.

Лидер: Кои се тие радиклани чекори?

-Не е коректно да чекаат од канцеларија и да чекаме да ги повика министерот. Треба да превземат порадикални чекори, протести, болкирање на раскрсници …Затоа што не е човечеки. Децата две недели губат настава се чека од канцеларија некој да ги повика и да го решат проблемот.
Факт е дека ако се покачат платите и на наставниците ќе се бара и на многу други секотри да им се кренат платите. Тоа го знаеме, за тоа сме свесни, инфлација е и криза е секаде. Меѓутоа треба побрзо да изнајдат начин децата да се врата во клупите и да го продолжат нивниот образовен процес затоа што се ближи крајот на училишната година, има ученици кои треба да се запишат во основно, во средно на факултет, да се насочат да се мотивираат.
Ни е како Иницијатива се надевеме дека ова ќе го решат што поскоро и да имаме помотивирани наставници кои ќе се грижат за нашите деца и за воспитно образовниот систем.

Лидер: Сметат ли дека со покчаувањето на платите од 18% наставниците ќе бидат попродуктивни попосветени и ќе имаме поквалитетно образование?

-Искрено се надевам. На секој еден вработен, без разлика во било која професија кога ќе му се даде дополнителен стимул мислам дека ќе имаат повеќе елан и енергија за работа. Сметам дека она достоинство на наставникот кое треба да го има, ќе се врати и дека наставата ќе тече како порано, пред овие три години.

Лидер: Седум дена веќе учениците се дома. Дали со штрајкот, пандемијата, онлајн учењето, скратени часови на учениците, одложување на стартот, пролонгирање на второто полугодие, им се остава порака, образованието и обврските кон него да се сфаќаат несериозно?

-Тоа навистина е така. Јас имам три дечиња и го следам образованието кај сите. За разлика од настарото до најмалото, најмалото несериозно ги сфаќа обврските кон училиштето. Затоа што премногу слобода им се даде на децата овие две години. Онлајн наставата донесе многу пропусти со тоа што децата беа неодговорни, не се вклучуваа на настава, или пак ќе се вклучеа, а телефонот оставен така тие спијат, недорасонети…Сетоа ова ги доведе учениците до големо опуштање и несериозност кон училишните обврски.
Меѓутоа нам ни се потребни реформи кои ќе ги застанат децата одговорно во ообразованието, кои ќе им дадат реформи кои навистина ќе ги насочат во образовните содржини. Жалосно е што ние се соочуваме со генерации кои се дојдени до 9-то одделение а сеуште не знаат, еве сега е месец април, каде ќе го продолжат своето средно образование. Ние мора да воведеме реформи каде што последните две години ќе работиме на децата да ги насочиме онаму каде што се надрени и она што ги влече да го продолжат образованието. За жал гледам дека во последниве три годни децата се навистина, како да се изјаснам а да не бидам погрешно сфатена, меѓутоа тие се “изгубени“ во образованиот процес. Не се насочени онаму каде што треба и за она што се талентирани, токму таму да го продолжат своето образование. Ова е голбален проблем на овие простори!
Не треба да бараат само плати, наставниците треба да бараат и реформи!