Оливер Спасовски уште повеќе се заплеткува со скандалозни изјави поврзани со убиството на ракометарот Денис Тот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Спасовски 5 дена после убиството кажува дека ја имаат снимката од убиството, откако целата јавност ја виде, а не објаснува зошто МВР два дена после убиството тврдеше дека немало насилство и информираше дека ракометарот не бил претепан.

Спасовски ни малку не ја убеди јавноста дека МВР не го заташкува случајот, туку напротив, стои во партиското соопштение и се додава:

„Впрочем, Спасовски 5 дена после настанот најави дека за едно од лицата се трага и дека после 5 дена „ќе се распишуваат меѓународна и домашна потерница“?!

И реакцијата на МВР и ставовите кои МВР ги даваше за случајот говорат дека нешто се крие и се забошотува. Доволно Спасовски ја замајува јавноста.

Затоа Спасовски треба да поднесе оставка веднаш“.