Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ги преквалификувало неколкуте пријави на МВР, за лажните дојави за поставени бомби во учичиштата, пренесува Канал 5 телевизија.

Истрагите наместо за „тероризам“ се водат за кривичното дело „лажно пријавување“, информираше првиот човек на скопското обвинителство Гаврил Бубевски, во чие обвинителство се води еден ваков предмет за малолетник. Ваквата преквалификација нема цел да се релативизираат заканите, објаснува Бубевски, туку е разултат на анализа од прибрантие докази, кои упатувале на тоа дека заканувачите не биле дел од организирана терористичка група.

„Едноставно доказите во секој од овие предмети не упатуваа дека сторителите биле дел од некоја оранизирана терористичка група која имала за цел дестабилизицација на инстуциите или загрозување на животот и телото и создавање на чвуство на несигурност кај граѓаните. Во суштина идентификуваните сторители очигледно го искористиле моментот на хибридните зкаани но не биле дел од тој организиран напад со кој се соочвме како држава. Сепак кривично правна одговорност постои а доколку во претстојниот период се обезбедат докази и се идентификцуаат лица кои биле дел од мрежа која делувала со намера да предизвика терористичка закана ти ќе бидат соодветно санкционирани за овој тежок облик на кривични дела.“Гаврил Бубевски – Шеф на ОЈО Скопје.

Иако обвинителството ја води истрагата по овие предмети, министерот за внатршени работи Спасовски со став дека дојавите за поставени бомби кои предизвикуваат страв кај населението треба да бидат квалификувани како тероризам.

„Јас сметам се уште дека дојавите за поставуање бомби и предизвикувањето на страв и нетрпеливост на населението од терористички акт мора да биде кривично дело терорирзам но тоа е работа на друга интитуција и ние ќе постпаувањме така како што че бидат покренати постапаките, истрагите ги води исклучиво јавното обвинителство.“-Оливер Спасовски – МВР.

Спасовски информираше дека полицијата се уште ги комплетира кривичните пријави за изолирана група за која се сомнева дека стои зад лажните дојави за бомби, посебно во училуштата. Зад ваквите закани тој пред еден месец изјави дека се идентификувани ИП адреси кои водат во Иран и Русија.

Министерот информираше дека закани за бомби на мејловите на училиштата низ државата повеќе не пристигнуваат, и кажа дека од октомври лани до март годинава се регистриани над 950 лажни пријави за 720 објекти од 60 различни мејлови.