МВР не регистрираше поголеми неправилности и кршење на изборниот процес.
Во однос на бројот на пријави, забележани се вкупно 91, наспрема 150 од парламентарните избори лани.
Притоа имало 42 случаи агитирање, од кои 7 отфрлени, додека пак лани имало повеќе од 70 вакви случаи.
Исто така, имало 13 пријави за изборен поткуп, од кои 5 се отфрлени како неосновани. Имало и 7 случаи на вознемирување на гласачко место, како и 6 за сликање избирачко ливче.
Помалку настани се забележани, како уништување на гласачки материјал, гласало едно ковид позитивно лице, сликање членови на комисија и избирачки места, но и едно прекршување на изборен молк.
Најмногу настани се пријавени во Скопје, потоа Штип, Куманово, Битола, Тетово, и по неколку во Велес, Охрид и Струмица.
Спасовски се заблагодари на сите припадници на МВР кои одговорно ги вршеа своите задачи за спроведување мирни избори и изборна кампања.