„Коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ е поставена на многу добри односи. Мене нема да ме изненади и за очекување ми е во следниот период ДУИ да биде сигурно дел од Владата“, вели во интервју за РСЕ координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски.
– Неретко ДУИ и помага на ВМРО-ДПМНЕ, а не дека СДСМ излегува неретко со ставови. Ние само ги гледаме потезите кои се влечат во Собранието во овој период. И врз основа на тоа што се прави, ние излегуваме со ставовите. Вие се сеќавате дека премиерот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ по завршување на изборите и формирањето на владата дека ДУИ е минато во македонската политика и за ништо не се прашува и да одлучува. Ако сакате еден дел од македонските граѓани дадоа поддршка на ВМРО-ДПМНЕ токму поради ваквиот пристап кон ДУИ. Дека тоа е партија која е целосно дефакторизирана. А ние во суштина имаме формирање на влада, дури и пред да се формира, веднаш имавме прва успешна средба и соработка или преговори меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ кои се одвиваа во законодавниот дом, а се однесуваа за поддршка на Законот за организација на органите на државната управа.