На состанокот била разгледана досегашната соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи и Делегацијата на ЕУ во делот на спроведувањето на проектите финансирани преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА), во кој Министерството е краен корисник.
Од страна на Бертолини било изразено задоволство од постигнатите резултати во рамки на проектите што во моментот се спроведуваат во Министерството.
За време на состанокот биле разгледани и прашањата поврзани со спроведувањето на дел од активностите во рамките на ИПА проектите.
– Министерот Спасовски истакна дека Министерството за внатрешни работи е подготвено да ги преземе обрвските во рамките на неговите надлежности, со цел да се обезбеди успешна имплементација и спроведување на предвидените активности и резултати, со што ќе се обезбеди и одржливост на проектите финансирани преку овој инструмент, наведоа од МВР.
Покрај проектите кои моментално се во имплементација, соговорниците разговарале и за статусот на ИПА III програмата.
– Министерот информираше дека во моментов во тек е подготовка на неколку проекти во рамките на оваа програма, кои што ги таргетираат приоритетите во областа „Внатрешни работи“, поосочија од МВР.
Од Министерството додадоа дека на крајот од состанокот министерот Спасовски, во име на Министерството за внатрешни работи, се заблагодарил на Делегацијата на ЕУ за досегашната поддршка и потенцирал дека таа е од исклучителна важност за Министерството, кое е подготвено да ги стави на располагање сите ресурси, со цел максимално и рационално искористување на финансиската поддршка која е наменета за постигнување на европските стандарди во полициското работење.