Тој на Фејсбук напиша дека во пресметка со терористите, ја дадоа најскапата можна жртва, во името на слободата и мирот.
– Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ – имињата на осумте припадници на Министерството за внатрешни работи, нашите колеги и пријатели, кои што во вооружената пресметка со терористите, ја дадоа најскапата можна жртва во името на слободата и мирот, за одбрана на татковината – човечкиот живот. Нека им е вечна слава!, напиша Спасовски на Фејсбук.
Спасовски додава дека изминаа шест години од трагичниот настан „Диво Насеље“, кој ги вознемири граѓаните на нашата држава, а остави неспокој кај моите кумановци и токму благодарение на прибраноста на моите сограѓани, злата намера на нарачателите на овој конфликт не го доби посакуваниот одговор.
– Хероите живеат вечно – СЛАВА ИМ!, заврши Спасовски.
Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад…
Posted by Oliver Spasovski on Sunday, May 9, 2021