Финансискиот магазин „Форбс“ ја објави денеска своја годишна листа на највредни спортски клубови во светот, на која петта година по ред на чело е американскиот рагби клуб од НФЛ лигата Далас Каубојс.

Според проценката на „Форбс“, вредноста на Далас Каубојс изнесува 5.7 милијарди долари, што е за 3.6 отсто повисока вредност во споредба со минатата година. На второ место на листата на „Форбс“ е американскиот безбол тим од НФЛ лигата Њујорк Јенкис (5.3 милијарди долари), пред НБА лигашот Њујорк Никс (5), шпанскиот фудбалски прволигаш Барселона (4.76) и Реал Мадрид (4.75).

Според „Форбс“, вредноста на 50-те најбогати клубови во светот пораснала за 1.1 отсто во споредба со лани и покрај пандемијата на коронавирус што доведе натпреварите да се играат без публика, но, од друга страна, им донесе на клубовите побогати договори за телевизиските права.